Кошаркарскиот свет остана без една од своите најголеми тренерски легенди. Рик Аделман почина на 79-годишна возраст, оставајќи зад себе богато наследство во НБА.
Тој беше член на Куќата на славните и еден од најуспешните тренери во историјата на лигата со 1.042 победи, што го сместува меѓу десетте најдобри на сите времиња. Аделман двапати го водеше Портланд до финалето на НБА, а најголем белег остави и во Сакраменто, каде што ја создаде славната генерација предводена од Владо Дивац, Предраг Стојаковиќ и Крис Вебер.
Во кариерата ги предводеше и Голден стејт, Хјустон и Минесота, а во 2021 година беше примен во Куќата на славните. Неговиот син, Дејвид Аделман, денес е тренер на Денвер нагетс.











