Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија доби покана да учествува на 15. издание на „Светскиот хорски фестивал на мирот 2026“, кој од 23 до 26 јули 2026 година ќе се одржи на неколку локации во Виена, Република Австрија.
„Кога гласовите на хористите од Гевгелија ќе се разлеат во Виена, тие ќе го донесат духот на Македонија и ќе остават зад себе порака на надеж. Тие ќе нè потсетат дека иако нашите јазици може да се разликуваат, сепак нашите срца чукаат во ист ритам“, стои во објавата за гевгелискиот хор на официјалната страна на фестивалот.
Хорот е под раководство на диригентот Илија Атанасов, кој посветува особено внимание на вокално-инструменталните дела. Тој не го крие своето задоволство што ќе може да настапат во Виена
Доаѓајќи од заедница со помалку од 20.000 луѓе во светската музичка престолнина, Виена, нивното патување го отелотворува духот на нашиот фестивал – дека секој уникатен глас ќе може да се слушне насекаде.
„Кога гласовите на хористите од Гевгелија ќе се разлеат во Виена, тие ќе го донесат духот на Македонија и ќе остават зад себе порака на надеж. Тие ќе нè потсетат дека иако нашите јазици може да се разликуваат, сепак нашите срца чукаат во ист ритам“, стои во објавата за гевгелискиот хор на официјалната страна на фестивалот.
Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија доби покана да учествува на 15. издание на „Светскиот хорски фестивал на мирот 2026“, кој од 23 до 26 јули 2026 година ќе се одржи на неколку локации во Виена, Република Австрија.
„Што се случува кога ќе измешате големо срце од мал град со амбиција од светски размери? Го добивате хорот „Гортинија“! Доаѓајќи од сончевиот град Гевгелија, Република Македонија, овој ансамбл е доказ дека географијата не е пречка за големината на еден хор. Речиси 20 години, хористите на „Гортинија“ патуваат од антички манастири до легендарни концертни сали во Европа, докажувајќи дека страста и љубовта кон музиката не познаваат граници“.
Со овие зборови, на интернет-сајтот на „Светскиот хорски фестивал на мирот 2026“, е најавено гостувањето на еден од најдобрите уметнички амбасадори на нашата земја во Европа и светот, хорот „Гортинија“ Вака одбраните зборови звучат како вистински мевлем на душата, не само за диригентот и хористите на „Гортинија“ туку и за сите познавачи и љубители на хорската музика во нашата земја.
„Гортинија“ (античкото име на Гевгелија) е хор основан во 2006 година како продолжение на првиот градски хор „Сава Михајлов“, кој го раководел професорот Атанас Атанасов. Во моментов, членовите на хорот се млади ентузијасти, аматерски пејачи со одлични вокални интерпретации и љубов кон хорската уметност. Во текот на годините на неговото постоење, хорот има бројни концертни настапи на национална и меѓународна сцена за презентирање и освоено бројни домашни и меѓународни награди. Хорот е под раководство на диригентот Илија Атанасов, кој посветува особено внимание на вокално-инструменталните дела. Настапувал на меѓународни хорски натпревари во Шпанија, Австрија, Италија, Полска, Турција, Романија, Словенија, Бугарија, Србија и Црна Гора, освојувајќи голем број награди и признанија (златни и сребрени плакети, специјални награди, награди за најдобар диригент). Учествува на семинари по хорско диригирање, водејќи работилници во Бугарија, Турција, Србија, презентирајќи ја македонската хорска музика. „Гортинија“ носи единствена енергија што ги поврзува традицијата и авангардата, од духовната музика од 19 век до висококвалитетни џез и рок хорски аранжмани.
Диригентот на хорот „Гортинија“, Илија Атанасов, во изјава за ВЕЧЕР, не го крие своето задоволство што ќе може да настапат во Виена:
„Морам да признам – искрен е Атанасов – дека бев изненаден кога го добивме одговорот дека сме примени. Конкуренцијата е огромна, а селекцијата за овој натпревар е исклучително строга. Најнапред се гледаше мојата досегашна работа како диригент на хорот, преку мојата биографија, потоа следуваше евалуација на целокупната работа на самиот хор, преку натпреварите на кои настапувал и наградите што ги има освојувано. Ќе настапиме, нагласи Атанасов, во ревијалниот дел и ќе одржиме хуманитарни концерти на светски познати локации и сцени, како што се седиштето на Обединетите нации (United Nations Headquarters), Софиенсале (Sofiensäle), Свечената сала во Градското собрание на Виена (Grand Festival Hall of Vienna City Hall). Како врв на сето ова, ќе биде нашиот настап и во култната Златна сала на Музикферајн (Golden Hall, Musikverein), каде што се одржува новогодишниот концерт на Виенската филхармонија. Доколку се обезбедат материјални средства за патување на комплетниот состав, хорот ќе ја претставува Македонија и во натпреварувачкиот дел, каде што покрај задолжителната „Locus Iste” од Антон Брукнер, ќе ја изведеме обврзната композиција од домашен автор, а тоа е „Македонско оро“ од Тодор Скаловски. Сепак, морам да го кажам и тоа дека финалната реализација на оваа голема турнеја сè уште зависи исклучиво од поддршката на приватни спонзори и донатори, бидејќи Министерството за култура веќе три години целосно го игнорира постоењето и активностите на нашиот хор“, вели Атанасов.
„Светскиот хорски фестивал на мирот“ е основан во Виена, во јули 2010 година, и е поддржан од австриските федерални власти, градската самоуправа на Виена, Виенскиот машки хор, Обединетите нации во Виена (VIC), УНИЦЕФ Австрија, невладини организации, компании и многу хорски експерти од целиот свет.
Во текот на изминатите години, на фестивалот учествувале хорови од повеќе од 60 земји, на пример Ерменија, Австрија (со познатиот Виенски машки хор), Белорусија, Белгија, Бугарија, Канада, Кина, Кипар, Чешка, Естонија, Германија, Грузија, Индија, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Малезија, Полска, Романија, Русија, Шпанија, Украина, САД… и со себе однеле прекрасни спомени и нови пријателства во нивните земји.
Со многу одбрани и пофални зборови, Градскиот мешан хор „Гортинија“ ѝ е претставен и на пошироката јавност на официјалниот сајт на Фестивалот: „Додека се подготвуваат да излезат на сцената во Виена, членовите на ’Гортинија’ претставуваат повеќе од само музичка извонредност, тие се амбасадори на мирот“, стои во објавата на Фестивалот. „Доаѓајќи од заедница со помалку од 20.000 луѓе во светската музичка престолнина, Виена, нивното патување го отелотворува духот на нашиот фестивал – дека секој уникатен глас ќе може да се слушне насекаде. Кога гласовите на хористите од Гевгелија ќе се разлеат во Виена, тие ќе го донесат духот на Македонија и ќе остават зад себе порака на надеж. Тие ќе нè потсетат дека иако нашите јазици може да се разликуваат, сепак нашите срца чукаат во ист ритам.
Нашиот фестивал е неверојатно горд што можеме да ви го претставиме и маестро Атанасов, како диригент и душа на хорот ’Гортинија’. Сигурни сме дека со нивниот настап ќе бидеме сведоци на моментот кога соништата ги преминуваат границите, а музиката го обединува светот!“
Иако натпреварот не е крајната цел на Светскиот хорски фестивал на мирот, во насока да се поттикне понатамошниот развој на хоровите и нивните членови, фестивалот им нуди отворена шанса на сите учесници, пред светски познати музичари и музички едукатори, да се натпреваруваат за предвидените награди. Самото отворање на 15. Светски хорски фестивал на мирот ќе биде на 23 јули оваа година, во фестивалската сала на Градското собрание во Виена, кога сите пријавени хорови ќе се обединат и ќе ја отпеат тематската песна на фестивалот – „Доаѓајќи заедно за да пееме“. Оваа музичка тема ќе ја отелотвори основната порака на фестивалот: „Пејте за мир, дојдете заедно за да пееме“.
(Љ. А.)












