Индонезискиот вулкан Анак Кракатау се прошири за 32,8 хектари по ерупцијата и излевањето на лава, додека сателитските снимки открија две нови копнени формации во близина, соопшти денеска државната Геолошка агенција.
Снимките прикажуваат нова формација на околу 760 метри северозападно од брегот на Анак Кракатау и уште една на околу 495 метри југоисточно, пренесе Ројтерс.
Ерупцијата се случи меѓу 4 и 6 септември, а неколку аеродроми беа затворени поради обилното паѓање на пепел врз Џакарта и околните области.












