сабота, октомври 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Зимски утра, летни попладниња: Температурите во Македонија викендов ќе се движат од...

Зимски утра, летни попладниња: Температурите во Македонија викендов ќе се движат од минус до драстичен плус

0

За време на викендов (сабота и недела 3/4 октомври) во Македонија продолжува влијанието на Антициклонот (полето со висок воздушен притисок) кое е со центар над источна Европа. Во ваква ситуација времето останува да ни биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност во текот на денот.

Ветерот ќе ја намали својата брзина и својот интензитет и ќе биде со слаб до умерен интензитет. Утре, сабота (3 октомври) ветерот ќе биде претежно од северен и од североисточен правец, додека во недела (4 октомври) тој ќе биде од променлив правец.

Утрата викендов во Македонија ќе бидат ладни и речиси зимски со ниски утрински температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 9 степени. Преку денот пак температурите ќе бидат пријатни и доцно летни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината викендов (сабота и недела 3/4 октомври) исто така времето ќебиде сончево со појава на мала до умерена локална облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно ладно со температура која ќе се спушти до околу 5 степени, а преку денот ќе биде пријатно топло со максимална температура која ќе се искачи до околу 25 степени.

ИЗДВОЕНИ