сабота, јули 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски по средбата со Кошта: Граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат,...

Мицкоски по средбата со Кошта: Граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат, а поддршката и партнерството од ЕУ се од особено значење

196
Фото:П.Стојановски
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска престигна во Скопје во рамки на неговата регионална турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Мицкоски објави дека на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта разговале за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија.
Во отворен и конструктивен разговор Мицкоски и Кошта ја потврдиле заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување на демократските институции и забрзување на европската интеграција.
Во разговорот Мицкоски истакнал дека граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат, а поддршката и партнерството од Европската Унија се од особено значење за остварување на тие цели.

ИЗДВОЕНИ