недела, јули 12, 2026
Дома МАГАЗИН По подолга пауза, заеднички концерт на Јован и Елвир

По подолга пауза, заеднички концерт на Јован и Елвир

100

Во арената „Борис Трајковски“, на 6 јуни!

Јован Јованов и Елвир Мекиќ како да воскреснуваат, по подолга пауза, со концертните настапи во Македонија. Двајцата познати музичари (кои сега живеат далеку од државата), помпезно најавија голем заеднички концерт, на конференцијата за новинари што се одржа во скопскиот бар „Интермецо“.

Концертот ќе се случи на 6 јуни, во арената „Борис Трајковски“, а тоа ќе биде, искрено кажано, голем залак и за музичарите и за публиката. Јован и Елвир, кои публиката добро ги памти уште од времето на нивните почетоци, очекува добра забава. Како некогаш.

Така и сега, нивниот репертоар ќе биде исполнет со многу добри песни, сакани од страната на публиката. Секако, и со оние, старите, но и со најновите. Тие искрено порачаа: „Дојдете да се забавуваме, да мислиме позитивно и да пееме заедно толку колку што грлото нè носи“.

(Д.М.)  фото:П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ