Во текот на викендот, ренџерската служба на Националниот парк „Шар Планина“, заедно со припадници на полициската станица Тетово, службите за граничен надзор од ПС Попова Шапка, ПС Рогачево и ПС Маздрача, како и шумската полиција, спроведе засилени теренски контроли на повеќе локации во паркот. Од НП „Шар Планина“ информираа дека активностите биле насочени кон почитување на забраната за движење во шуми во периодот на зголемен ризик од пожари, како и спречување на недозволено движење на моторни возила надвор од дозволените патишта. Покрај контролите, посетителите биле информирани и едуцирани за правилата на однесување во Националниот парк, при што биле поделени повеќе од 500 информативни летоци
Во текот на викендот, ренџерската служба на Националниот парк „Шар Планина“, заедно со припадници на полициската станица Тетово, службите за граничен надзор од ПС Попова Шапка, ПС Рогачево и ПС Маздрача, како и шумската полиција, спроведе засилени теренски контроли на повеќе локации во паркот.
– Активностите беа насочени кон почитување на забраната за движење во шуми во периодот на зголемен ризик од пожари, како и спречување на недозволено движење на моторни возила надвор од дозволените патишта – соопштија од НП „Шар Планина“.
Покрај контролите, посетителите биле информирани и едуцирани за правилата на однесување во Националниот парк, при што биле поделени повеќе од 500 информативни летоци.
– Шар Планина е простор за сите, но не и простор без правила. Само со заедничка одговорност можеме да ги зачуваме шумите, високопланинските пасишта, дивиот свет и мирот што го бара секој посетител – нагласуваат од Националниот парк.
Оттаму додаваат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, со засилено присуство на терен и со координирани активности на надлежните институции.
Притоа, порачуваат дека нема да има толеранција за незаконско движење со моторни возила, уништување на живеалиштата, загадување на животната средина, непочитување на забраната за движење во шуми и какви било други активности што го загрозуваат мирот и екосистемите на овој Национален парк.
– Само со заеднички ангажман можеме успешно да ги заштитиме природните вредности на Шар Планина. Да ја чуваме Шар Планина – со почит кон природата и со почитување на правилата – порачуваат од Националниот парк.











