вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ По насилието на протестите: Во Париз, полициски час и потрага по украдената...

По насилието на протестите: Во Париз, полициски час и потрага по украдената стока, во Милано заковани излози и нови 500 војници

109
EPA/MATTEO CORNER

Ескалацијата на немирите во Франција и во Италија за време на минатиот викенд предизвика штета на стотици продавници. Маскирани групи извршија напади во продавници во Париз крадејќи цигари, очила за сонце, облека, накит и храна, како и готовина од касите.

Пријавени се кражби на луксузни трговски марки како што се „луј витон“, „диор“, „ролекс“. Некои млади луѓе на социјалните медиуми се фалат со украдените предмети, а локалната самоуправа сега се обидува да ги спречи крадците да ја препродаваат украдената стока. Владата ги повика водечките онлајн платформи за продажба на употребувани предмети да ги отстранат рекламите што нудат стока украдена за време на грабежите. Ан Ле Хенанф, министерка за вештачка интелигенција и дигитални работи, најави собир на платформите за да се утврдат понатамошните чекори, а министерот за мали бизниси, Серж Папен, рече дека службениците работат на воспоставување координација помеѓу истражителите и онлајн платформите за да се идентификуваат луѓето зад сомнителните реклами. Според владин извор кој разговарал со „Политико“, се очекува да се воспостави посебен протокол.

По овие немири викендов, како и поради масовните протестите што траат веќе цел месец, француските власти воведоа полициски час за сите граѓани во одредени делови на Париз, кој ќе почне вечерва во 22:00 часот и ќе трае до утре до 06:00 часот.

И во Италија минатиот викенд насилниците дивееја на ист начин, но таму владата го „гасне пожарот“ на поинаков начин. Медиумите јавуваат дека во Милано, каде што беа опљачкани многу продавници за луксузна стока, како „Луј Витон“, „Ермес“, „Шанел“, „Прада“, „Диор“ и други. Се проценува дека штетата е милион евра, па во страв од нови немири продавниците во модниот кварт се затворени, со спуштени ролетни, некои и со заковани излози, а трговците се во состојба на готовност. Полицијата патролира по шопинг зоните, а владата, пак, планира да испрати дополнителни 500 војници да го бранат Милано.

ИЗДВОЕНИ