сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ По големиот руски напад, Зеленски повторно испраќа молба до Трамп

По големиот руски напад, Зеленски повторно испраќа молба до Трамп

58
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повторно побара од САД да им испорачаат системи „Патриот“, по еден од најжестоките руски воздушни напади од почетокот на војната.

Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот Русија изврши масовен напад врз повеќе украински градови, при што загинаа најмалку 14 лица, десетици се повредени, додека спасувачките екипи трагаат по луѓе затрупани под урнатините. Според украинските воздухопловни сили, кон Украина биле лансирани 73 ракети од различен тип, меѓу кои и осум хиперсонични ракети „циркон“, како и 656 беспилотни летала. Главни цели на нападите биле Киев, Днипро, Запорожје, Полтава и Харков. Во украинската престолнина ,силни експлозии одекнувале во текот на ноќта, додека жителите барале засолниште во метро-станиците и подрумите. Според локалните власти, во Киев загинале пет лица, а најмалку 63 се повредени, меѓу кои и три деца.

„Ова беше голем напад и целосно транспарентна порака од Русија. Ако Украина не биде заштитена од балистички и други ракетни напади, тие ќе продолжат. Дефинитивно ни е потребна помошта од САД во испораката на системи како „патриот“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ