петок, октомври 16, 2026
Дома БАЛКАН Пленковиќ издејствува измени во планот за пристапување на Црна Гора кон ЕУ:...

Пленковиќ издејствува измени во планот за пристапување на Црна Гора кон ЕУ: Отстранети роковите за затворање на преговарачките поглавја

389

На барање на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, текстот на заклучоците на Европскиот совет во однос на Црна Гора е изменет; отстранети се конкретните рокови за затворање на преговарачките поглавја и за финализирање на договорот за пристапување.

Отстранувањето на овие рокови, иницирано од Пленковиќ, уследи по писмото што Хрватската го испрати до сите земји-членки на ЕУ, во кое се наведени осум услови што Црна Гора мора да ги исполни пред да се приклучи кон Европската унија.

Хрватските медиуми пренесуваат дека, по интервенцијата на Пленковиќ, временските рамки што првично беа вклучени во нацрт-документот се избришани од заклучоците на Европскиот совет, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ