Екипата на Голден стејт се соочува со сериозен проблем пред почетокот на новата НБА-сезона, откако Кристапс Порзингис ќе отсуствува од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Искусниот латвиски центар сè уште нема добиено дозвола за тренинзи, а од клубот потврдија дека ќе остане со екипата додека работи на закрепнувањето.

  • Секако дека е фрустрирачки да се соочуваш со здравствени проблеми што не можеш прецизно да ги дефинираш, покрај повредите што ме следат низ целата кариера. Сè се натрупа, но ќе го надминеме и ова. Ги ценам сите „интернет-доктори“ кои се обидуваат да постават дијагноза и да помогнат, но јас сум во најдобрите раце – така што сите можат да се опуштат. И не, немам ХИВ или СИДА, порача Порзингис.

Кошаркарот ги пропушти подготовките на тимот на Хаваи и првите пет претсезонски натпревари. Тој неодамна се сретнал со генералниот менаџер Мајк Данливи и директорот за спортска медицина Рик Селебрини, но деталите од разговорот остануваат приватни.

Порзингис призна дека е фрустриран поради здравствените проблеми што тешко се дијагностицираат, особено по повредите со кои се соочувал во текот на кариерата. Воедно, ги отфрли шпекулациите за својата здравствена состојба и порача дека е во добри раце.

Проблемите не се новост за Летонецот. Пред две сезони, додека играше за Бостон, прележа вирусна инфекција на горните дишни патишта, за која подоцна откри дека оставила долгорочни последици.

Минатата сезона настапи на само 34 натпревари за Атланта и Голден Стејт, а ова лето потпиша двегодишен договор со Вориорс вреден 40 милиони долари.

Сега останува да се види кога Порзингис ќе може да се врати на тренинзите и дали ќе биде подготвен да му помогне на Голден Стејт во новата сезона.

ИЗДВОЕНИ