петок, октомври 16, 2026
Дома МАГАЗИН Хилари Свонк чека трето дете на 52 години и порачува: Двојните стандарди...

Хилари Свонк чека трето дете на 52 години и порачува: Двојните стандарди за родителството мора да престанат

22
EPA/URS FLUEELER

Американската актерка Хилари Свонк, која го очекува своето трето дете на 52-годишна возраст, отворено зборуваше за негативните коментари што ги добива поради доцното мајчинство.

Таа истакна дека жените кои раѓаат во поццните години се соочуваат со многу повеќе осуди отколку мажите кои стануваат татковци во староста.

„Има многу негативни реакции кон жените кои добиваат деца подоцна во животот, но не и кон мажите, што е интересно“, изјави актерката во разговор со водителката Дру Баримор, во емисијата која треба да се емитува на 20 октомври.

Баримор се согласи со неа, истакнувајќи дека мажите можат да станат татковци и во своите осумдесетти години, а притоа да не се соочуваат со истиот вид осуди.

Оскаровката раскажа и дека една жена директно ѝ замерила што одлучила да има деца во подоцнежните години.

„Како се осмелувате? Престари сте“, ги пренесе Хилари зборовите на жената што ѝ упатила критика.

Таа жена ѝ објаснила дека го загубила татко си додека била во раните дваесетти години и дека таа загуба тешко ѝ паднала. Се плашела дека актерката нема да биде доволно долго покрај своите деца додека тие растат.

Сепак, Хилари ја разбра болката од која произлегле тие зборови. И самата го загуби татко си, кој ѝ беше една од најдрагите личности на светот. Сепак, од тоа искуство извлече поинаква поука.

Актерката објасни дека би сакала повеќе да има прилика да се роди и да ја искуси љубовта на таков родител, па макар еден ден и да го загуби, отколку никогаш да не ја доживее таа посебна врска.

Свонк во средината на октомври објави дека со сопругот Филип Шнајдер го очекува третото дете. Парoт веќе има близнаци, Аја и Ом, кои се родени во април 2023 година, кога актерката имаше 48 години.

Веста за новата бременост ја објави на друштвените мрежи со духовит видеозапис во кој се појавува со сопругот и децата, заедно со светлечки детали што го истакнуваа нејзиниот труднички стомак. Покрај објавата се пошегува дека нејзиниот следен „проект“ е закажан за декември.

Нејзината приказна повторно го отвори прашањето за двојните стандарди кон жените и мажите кога станува збор за родителството во подоцнежните години, но и за тоа колку личните искуства и стравот од губиток често се во заднината на туѓите коментари.

ИЗДВОЕНИ