петок, октомври 9, 2026
Дома СВЕТ Инспириран од 11 септември – ОАЕ потврди: Копилот на „Флајдубаи“ планирал да...

Инспириран од 11 септември – ОАЕ потврди: Копилот на „Флајдубаи“ планирал да удри во аеродромот во Тел Авив

0

Властите на Обединетите Арапски Емирати официјално за прв пат потврдија дека копилотот на авиокомпанијата „Флајдубаи“, државјанин на Оман, планирал да киднапира авион на лет од Дубаи до Тел Авив и да го сруши во патничкиот терминал на аеродромот „Бен Гурион“. Според изјавата на државниот обвинител, нападот требало да биде самоубиствен напад инспириран од терористичките напади во Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001 година.

Планот, според прелиминарните резултати од истрагата, требало да се спроведе на 30 септември.

Осомничениот имал намера да ја преземе контролата врз авионот и да го искористи за напад врз главниот аеродром во Израел, со цел да предизвика што е можно повеќе жртви.

Властите на ОАЕ соопштија дека осомничениот признал дека дејствувал сам, но државниот обвинител изјави дека истрагата продолжува за да се утврди дали имал соучесници, објави Си-Ен-Ен.

Осомничениот, идентификуван како Хамам ал-Хамами, претходно двапати летал во Тел Авив за да ја проучи рутата и аеродромот, се вели во соопштението.

Случајот претходно беше објавен од израелските медиуми, но соопштението на властите на ОАЕ беше првото официјално потврдување дека копилотот планирал да го сруши авионот во аеродромот Бен Гурион.

ИЗДВОЕНИ