Владимир Путин денеска во Санкт Петербург ќе се сретне со специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стив Виткоф. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека на Русија ѝ е потребен мир во Украина, а не примирје, додавајќи дека е неопходно „некој во Киев да донесе одговорна одлука“.
„Ништо не е променето во однос на ставот на Москва за решавање на украинскиот конфликт. Нам ни треба мир, а не примирје“, рече Песков, пренесува агенцијата РИА Новости.
Според него, украинското прашање не може да се реши без присуство на претставници од Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го прими специјалниот пратеник на американскиот лидер, Стив Виткоф, а разговорите ќе се одржат во Константиновскиот дворец во Санкт Петербург.
Во вторникот, Виткоф учествуваше во дискусиите за украинскиот мировен процес во Осло, на кои присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стуб.
Зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, се вклучи на состанокот преку видеоврска.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Украина ќе биде решен, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да биде вклучен во тој процес, пренесува Танјуг.












