Дванаесет лица се повредени кога се урна пешачки мост во општинскиот округ Николски во Вологодската област во Русија, соопшти началникот на округот Дмитриј Мишењев.
„Од 20 часот на 12 јули до 8 часот на 13 јули во Централната регионална болницак никољскаја пристигнаа уште три лица со модринки, хематоми и повеќекратни гребаници. Вкупно се повредени 12 лица“, напиша тој на својата страница на социјалната мрежа ВКонтакте.
Според него, две лица се во болиница, нивната состојба е стабилна, еден пациент е во регионалниот центар за трауми, девет лица се на домашно лекување, пренесува „РИА Новости“. Претхобно беше објавено дека во саботата во текот на литија со крстот во Николскиот округ на Волгородската област се урнал висечки пешачки мост преку реката.
Првично беше објавено дека имало шест жртви, а потоа девет. Мишењов извести дека со одлука на комисијата за вонредни состојби се утврдени еднократни исплати за повредените поради уривањето на мостот, пренесува „Танјуг“.