Перу се откажа од планот за намалување на заштитеното подрачје околу древните Наскански линии

66
Foto: Pexels

Перуанската влада се откажа од плановите за намалување на заштитеното подрачје околу древните Наскански линии по критиките дека овој потег ќе ги доведе во опасност од рударски активности во областа.

Министерството за култура на Перу соопшти дека повторно ќе го воспостави заштитеното подрачје од 5.600 квадратни километри, кое беше намалено на 3.200 километри на крајот на мај, објави Ројтерс.

Наска линиите се џиновски геоглифи на платото Наска во близина на истоимениот град, за кои се верува дека се создадени за време на културата Наска помеѓу 400 и 650 година од н.е.

ИЗДВОЕНИ