четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Врне дожд 36-ти ден по ред: Градовите под вода – без струја...

Врне дожд 36-ти ден по ред: Градовите под вода – без струја и вода во западна Франција/ФОТО/ВИДЕО

80
EPA/GUILLAUME PINON

Четири департмани во западна Франција денес остануваат под црвено предупредување за поплави, додека девет други се под портокалово предупредување за времето, бидејќи дождот се враќа во атлантскиот регион со бурата Педро.

Шарант-Мортим, Жиронд, Лоар-ет-Гарон и Мен-ет-Лоар се под црвено предупредување барем до утре, објави службата за следење на нивото на водата, Вижикри, пренесува BFM.

Финистер, Морбијан, Ил-ет-Вилен, Лоар-Атлантик, Сарт, Ванде, Шарант, Тарн-ет-Гарон и Ланд се под портокалово предупредување за времето поради зголемување на нивото на водата. Службата Вижикри соопшти дека врнежите достигнале 50 милиметри, локално 60 милиметри.

Се предвидува дека бурата Педро ќе пристигне над Бретања околу пладне, носејќи дожд на веќе заситеното и поплавено земјиште, поради што два департмани во Бретања се исто така под портокалово предупредување за дожд и поплави.

Неколку општини, особено во Жиронд и Лоар-ет-Гарон, се уште се под вода, на некои места без електрична енергија или вода за пиење.

Денес е 36-ти ден по ред како врне дожд барем во некои делови од Франција, што метеоролошката служба го смета за невидена ситуација. Во Мен-ет-Лоар, ситуацијата е критична на некои места, бидејќи реката Мен го достигна своето највисоко ниво од 1995 година.

Седум општини во Жиронда се без вода за пиење, а илјадници домаќинства се без електрична енергија, додека 18.200 луѓе немаат сигнал за мобилни телефони. Патниот сообраќај во департманот е исто така нарушен.

Целиот атлантски брег на Франција, од Финистер до Пиринеите-Атлантик, е под портокалово предупредување за високи бранови за утре, со што се апелираат жителите да бидат исклучително внимателни. Неколку реки во Франција достигнаа историски нивоа во последните денови, особено во регионот Анже-сур-Лоара, како и во регионите Шарант и Мен.

Снег паѓа во Горна Нормандија и Пикардија утрово, но се очекува да се стопи до попладне.

ИЗДВОЕНИ