Патот не завршува со неговото пуштање во употреба. Потребно е редовно да се одржува, да се санираат оштетувањата и да се продолжи неговиот век на траење. Кога се одложуваат поправките од година на година, проблемите се таложат, оштетувањата стануваат посериозни, а интервенциите може да чинат многу повеќе отколку ако се реагира навреме.

На овој проблем предупредува универзитетскиот професор Борче Треновски, кој посочува дека државата не смее да се фокусира само на изградбата на нови објекти туку мора да води сметка и за инфраструктурата што веќе ја има.

– Расходите за одржување во нашата земја се трипати помали од оние во Европската Унија. Што значи одржување? Тоа е целата постојна инфраструктура – од патиштата, болниците, железничката инфраструктура и така натаму – истакнува Треновски

Македонија издвојува трипати помалку средства за одржување на постојната инфраструктура во споредба со Европската Унија. Во меѓувреме, дел од патиштата веќе го надминуваат предвидениот век на експлоатација, а без навремени поправки и вложувања, она што денес може да се санира релативно евтино – утре може да чини многу повеќе.

На овој проблем предупредува универзитетскиот професор Борче Треновски, кој посочува дека државата не смее да се фокусира само на изградбата на нови објекти туку мора да води сметка и за инфраструктурата што веќе ја има.

– Расходите за одржување во нашата земја се трипати помали од оние во Европската Унија. Што значи одржување? Тоа е целата постојна инфраструктура – од патиштата, болниците, железничката инфраструктура и така натаму – истакнува Треновски.

Со други зборови, не е доволно само да се сече лента и да се отвора нов пат. Треба некој и да го крпи стариот, да ги поправа оштетувањата и да се грижи инфраструктурата да трае што подолго. Во спротивно, она што не е санирано навреме може подоцна да бара многу поскапи зафати.

– Не е само да градиме ново. Мораме да ја одржуваме и старата инфраструктура – предупредува Треновски.

Според него, проблемот не завршува кај патиштата. Тој ги опфаќа и болниците, железничките пруги, водоводната мрежа, електричната инсталација и другите системи од кои зависи секојдневното функционирање на државата. Кога се запоставуваат тие, сметката на крајот може да биде уште поголема, а граѓаните да добиваат понеквалитетни јавни услуги.

Податоците од годишните програми на Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат дека средствата предвидени за ставката „Услуги за одржување на патишта, одржување објекти и опрема, комунални услуги и други услуги“ постепено растат во периодот од 2023 до 2026 година.

Во 2023 година, за оваа ставка биле предвидени 1,849 милијарди денари (околу 30,1 милион евра), во 2024 година речиси исто толку 1,85 милијарди денари, односно 30,1 милион евра, додека во 2025 година сумата пораснала на 1,9 милијарди денари, односно 30,9 милиони евра, додека за 2026 година планираните средства достигнуваат две милијарди денари или околу 32,5 милиони евра. Тоа значи дека за три години планираниот износ е зголемен за 150,8 милиони денари, односно за околу 8,2 проценти. Само во однос на 2025 година, за 2026 година се предвидени дополнителни 100 милиони денари, што претставува раст од околу 5,3 проценти или околу 1,63 милиони евра.

Сепак, овие средства не се наменети исклучиво за асфалтирање и за поправање на коловозите. Ставката опфаќа и одржување објекти и опрема, комунални услуги и други услуги. Станува збор за планирани средства, а не за пари за кои веќе е потврдено дека се потрошени.

За да се добие целосна слика, потребно е да се види колку од планираното навистина било реализирано, колкав дел бил потрошен за конкретни поправки на патиштата и какви резултати се постигнати на терен. Самото зголемување на буџетската ставка не значи автоматски дека се патиштата во подобра состојба, особено ако се земат предвид цените на материјалите и работите, обемот на оштетувањето и староста на патната мрежа.

(С. Бл.)

ИЗДВОЕНИ