недела, октомври 18, 2026
Дома СВЕТ Париз во пламен, пријавени смртни случаи: Демонстрант почина за време на протестите,...

Париз во пламен, пријавени смртни случаи: Демонстрант почина за време на протестите, регистриран е рекорден број апсења/видео

0
Фото: EPA/MOHAMMED BADRA

Еден демонстрант почина за време на протестите во Париз откако му се слошило на булеварот „Мажента“ (Boulevard de Magenta), долж трасата на маршот, соопшти денеска француската полиција. Други демонстранти го однеле до медицинскиот центар „Шато д’О“ (Château d’Eau), каде што тој починал пред самиот влез, пренесува BFMTV.

Во своето најново соопштение, париската полициска префектура наведе дека смртта настапила како последица на кардиореспираторен застој. Префектурата исто така информираше дека 855 лица биле приведени во француската престолнина – што претставува рекорден број.

„Повредени се тринаесет полицајци и жандарми, како и двајца пожарникари“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, Морис Барат, префектот на департманот Горна Виена (Haute-Vienne), соопшти дека пожарот во градското собрание во Лимож е ставен под контрола.

„Пожарот е подметнат намерно“, изјави Барат, осудувајќи го чинот и критикувајќи ја „дивјачката хорда“ одговорна за пожарот, кој предизвика сериозна штета на општинската зграда од 19-тиот век.

Во Лимож, за време на протестите биле приведени 17 лица, меѓу кои и седум малолетници, изјавија од локалното обвинителство за BFMTV. Отворена е истрага за „уништување имот со употреба на опасни средства, извршено како дел од организирана група“.

„На маргините на собирите беа нападнати и некои граѓани. Идентификацијата на жртвите ќе биде извршена што е можно поскоро“, соопштија од обвинителството.

Во саботата, низ цела Франција избувна насилство за време на најновиот бран протести против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот. Француската влада пријави „ескалација на насилството“, проценувајќи дека околу 550.000 луѓе излегле на улиците во француските градови, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ