недела, октомври 18, 2026
Дома СВЕТ Масовни протести во Италија: Милано се претвори во бојно поле, десетици уапсени...

Масовни протести во Италија: Милано се претвори во бојно поле, десетици уапсени и повредени – судири во уште три града/видео

0
Фото: EPA/TINO ROMANO

Масовните протести во Италија – предизвикани од високите трошоци за живот, цените на горивата и даночниот товар – ескалираа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Најтешките немири избија во саботата во Милано, каде што стотици маскирани млади луѓе го зазедоа централниот градски плоштад и ја принудија полицијата да се повлече.

Според италијанската новинска агенција АНСА, судири биле пријавени и во Торино, Болоња и Бергамо.

За време на протестите, Милано наликуваше на бојно поле. Стотици млади луѓе облечени во црно фрлаа кон полицијата домашни експлозивни направи, шишиња и метални бариери, по што го зазедоа познатиот плоштад „Пјаца дел Дуомо“ – една од најпрепознатливите знаменитости на градот.

Полицијата беше принудена привремено да се повлече и да почека засилување, по што го опколи плоштадот со околу дваесетина полициски комбиња и теренски возила.

На улиците беа поставени барикади, предмети беа запалени, а излозите на продавниците беа искршени, додека полицијата употреби водени топови и солзавец.

Само во Милано, најмалку четворица полицајци и 20 демонстранти беа повредени, а приведени беа повеќе од 50 млади луѓе – од кои речиси половината се малолетници.

Според полицијата, учесниците во немирите пристигнале од предградијата на Милано, околните градови и други провинции, организирајќи се во помали групи. Во групата имало млади луѓе, како од италијанско, така и од странско потекло.

Како што пренесува АНСА, тие ја презеле контролата врз протестот.

ИЗДВОЕНИ