Памела Андерсон откри дека сака да се откаже од своето познато презиме и да се врати на своите фински корени, усвојувајќи го своето оригинално семејно презиме – Хитиаинен.
Во интервју за „Vogue Scandinavia“, 58-годишната актерка се потсети на својата блиска врска со нејзиниот дедо Херман Хитиаинен, човек роден во Финска, кој беше „најблиската личност во нејзиниот живот“.
Токму оваа врска со нејзиниот дедо ја поттикна да размисли за промена на презимето.
- Понекогаш не сакам да бидам Памела Андерсон. Сакам да бидам Памела Хитиаинен. Би сакала да го сменам презимето, но не ми дозволуваат, порача Андерсон.
Според „Vogue Scandinavia“, семејството Андерсон го имало презимето Хитиаинен пред да се пресели во Канада, каде што го смениле во Андерсон за да звучи повеќе северноамерикански.











