сабота, јули 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Пад на цените на горивата? Мицкоски очекува поевтин бензин од понеделник

Пад на цените на горивата? Мицкоски очекува поевтин бензин од понеделник

356

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска рече дека очекува во понеделник Регулаторната комисија да соопшти помали цени за бензините, и непромената или минимално зголемена цена за дизел горивата.

„Очекувам во понеделник намалување за 2 денари на безоловните бензини, и иста цена или минимално за половина денар зголемување на дизелот. Намалување на ДДВ-ти директно имплицира позитивен ефект“, рече Мицкоски.

Тој рече дека и натаму не размислуваат на рестрикции и на забрани.

„Немаме потреба од рестрикции и забрани засега. Имаме доволно количина. Ја следиме состојбата и ќе реагираме“, дополни премиерот.

ИЗДВОЕНИ