сабота, јули 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Патници, подгответе се! Нови правила за авионските летови од петок

Патници, подгответе се! Нови правила за авионските летови од петок

1957

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) објави нови правила за употреба на преносни батерии во авионите. Почнувајќи од петок, на секој патник ќе му биде дозволено да носи максимум две преносни батерии, додека нивното полнење за време на летовите ќе биде забрането.

Одлуката доаѓа по инциденти како што беше пожарот на летот на Ер Бусан во 2025 година. Некои авиокомпании, како што се Луфтханза и јужнокорејските авиокомпании, веќе почнаа да спроведуваат слични ограничувања.

ICAO, агенцијата на ОН која ги поставува стандардите во цивилното воздухопловство, има 193 земји-членки. Новите спецификации во врска со преносните батерии стапуваат на сила веднаш и имаат за цел да го спречат ризикот од пожари и други инциденти за време на летовите.

ИЗДВОЕНИ