Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ја продолжува својата правна битка со својата поранешна свршеница, Анамарија Голтес, која моментално е во Словенија со нивните ќерки.

Според ТМЗ, Лука поднел правни документи до судот во Лос Анџелес и бара од мајката на неговите деца да го отфрли барањето за алиментација. Причината е што нема основа да се води овој спор пред судот во Калифорнија, бидејќи таа е во Словенија со нивните ќерки.

Според горенаведениот извор, Лука и неговата адвокатка, Лаура Васер, истакнуваат дека тој не е жител на Калифорнија, ниту, пак, нивните ќерки. Словенецот се обидел да ја убеди својата свршеница да се врати во Лос Анџелес со своите ќерки, па откако одбила, свршувачката била раскината.

ТЗМ тврди дека пред да поднесе Анамарија документи за алиментација, Лука поднел барање во Словенија уште во февруари и тие документи се однесуваат на старателството и на издршката на децата.

Лука Дончиќ има еден од најголемите договори во НБА и, секако, парите не се проблем, неговите ќерки имаат сè што им треба, но тој наводно не сака да дозволи Анамарија Голтес да го искористи она што не ѝ припаѓа.

Лука веќе ги покрива сите трошоци за двегодишната Габриела и за четиримесечната Оливија и тврди дека поднесувањето барање за алиментација на Анамарија во Калифорнија е „јасен обид да се искористат високите износи за издршка по кои е Калифорнија добро позната“.

  • Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го дадам најдобриот можен живот – порача неодамна Лука Дончиќ.

ИЗДВОЕНИ