понеделник, јули 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ознака од воената единица на својата мајка – подарок за Јанчев од...

Ознака од воената единица на својата мајка – подарок за Јанчев од десетгодишно момче од Украина

1613

Десетгодишно момче од Украина, кое престојува во Кавадарци, му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење.

Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои расте ова дете со надеж дека повторно ќе ја прегрне.

-Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде што, заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја, ќе помине десет дена во Михајлово, исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства – соопштија од Општина Кавадарци.

 

 

ИЗДВОЕНИ