сабота, јули 18, 2026
Дома БАЛКАН Ова никој не го очекуваше: Ајкула е снимена во плиткото на плажа...

Ова никој не го очекуваше: Ајкула е снимена во плиткото на плажа во Грција, капачите во шок/видео

351
Фото:википедија

Капачите на плажата Какадија на грчкиот остров Липси беа изненадени кога ајкула се појави само неколку метри од брегот – во плитките води.

Според неофицијалните проценки врз основа на достапните видео снимки, ајкулата би можела да припаѓа на родот Mustelus од семејството Triakidae. Овие видови ајкули се познати во Грција како галеоси и генерално се сметаат за безопасни за луѓето, пишува lerosnews.

Сепак, експертите предупредуваат дека точната идентификација на видот не може да се потврди со сигурност само врз основа на видео снимките, туку дека е потребна подетална анализа.

Ајкулите од родот Mustelus се ‘рскавични, што значи дека нивниот скелет е изграден претежно од ‘рскавица, а не од коска.

Појавата на ова животно толку блиску до брегот предизвика големо изненадување кај присутните пливачи, кои сè снимаа на камера.

Снимката прикажува ајкула како мирно плива во плитка вода, на кратко растојание од луѓето, без да покажува агресивно однесување, пренесе Б92.

 

ИЗДВОЕНИ