сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Седум лица загинаа, а повеќе од 50 ранети во украински напади со...

Седум лица загинаа, а повеќе од 50 ранети во украински напади со беспилотни летала врз Русија

20

Најмалку седум лица загинаа, а 51 беа ранети во украинските напади со беспилотни летала врз Русија во текот на ноќта, соопштија денес руските власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на Телеграм дека украинските напади со долг дострел погодиле два „значајни логистички објекти во московскиот и тамбовскиот регион“.

„Агресорот ги користел овие објекти за снабдување на компоненти под санкции, кои се користат за производство на беспилотни летала и опрема за навигација“, напиша Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека во последните напади бил погоден и нафтен објект.

Зеленски рече дека украинските сили за специјални операции, исто така, извршиле напади врз цели во Азовското Море и на окупираната територија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската воздушна одбрана пресретнала 379 украински беспилотни летала над 19 руски региони преку ноќ, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ