четврток, јули 16, 2026
Дома КУЛТУРА Откриена е причината за смртта на актерот Сем Нил

Откриена е причината за смртта на актерот Сем Нил

111
Фото:википедија

Актерот Сем Нил, познат по улогата во филмот „Паркот Јура“ и други дела, почина од пневмонија, објави денес неговиот агент Филип Гренц.

Семејството на Нил претходно објави дека актерот починал во понеделник во Сиднеј, а неговиот агент изјави дека ќе се одржи приватна семејна комеморација за него на неговата фарма во Нов Зеланд, објави АП.

Гренц рече дека Нил се борел со лимфом пред болеста и успешно бил подложен на третман, по што во април оваа година објави дека повеќе нема рак.

„Сем почина од пневмонија“, рече неговиот агент, додавајќи дека актерот снимил четири проекти во текот на изминатата година кои треба да бидат објавени во наредните месеци.

Сем Нил откри во 2023 година дека му е дијагностициран ангиоимунобластен Т-клеточен лимфом.

Нил беше познат и како винар, произведувајќи вина под брендот „Two Paddocks“.

Тој зад себе остави четири деца и осум внуци, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ