Американскиот претседател Доналд Трамп предложи преименување на Ормускиот теснец, жариште во тековната војна против Иран што ја водат САД и Израел, по него.
Тој го даде предлогот во објава на социјалната мрежа Truth Social, помалку од една недела откако потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во Eзеро Америка, поради трговскиот спор со Канада.
„Сега кога е под контрола на САД, дали треба да го промениме името на Ормускиот теснец во Трампов теснец??? ТЕСНЕЦ???. Како и самата Америка, би било „пожешко“ од кога било досега!“, напиша Трамп.
Пред неколку дена Трамп потпиша и извршна наредба за преименување на езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, во „Езеро Америка“.
„Сега, откако го контролираме, дали треба Ормуска Теснина да ја преименуваме во ‘Теснина Трамп’?“, напиша американскиот претседател на својата платформа Трут соушл.
Стратешкиот морски коридор е блокиран од Техеран од почетокот на војната, која започна на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран.












