среда, јули 22, 2026
Дома СВЕТ Орбан заработи пријава за видео на Фејсбук, објавено пред изборите

Орбан заработи пријава за видео на Фејсбук, објавено пред изборите

64
Фото: Facebook

Поднесена е пријава против унгарскиот премиер во заминување, откако се појави видео на кое Виктор Орбан вози автомобил без да го држи воланот. Видеото, објавено непосредно пред изборите на 12 април, го прикажува како пее во возило, а во еден момент целосно ги трга рацете од воланот, објавува унгарски Блик.

Видеото е направено пет дена пред изборите и го прикажува премиерот како заминува од дома на работа.

Додека вози, тој вели: „Ајде да одиме! Таква е ситуацијата!“, ги крева очилата и ја започнува предизборната песна „Унгарското село стана зелено, пролетта пристигна“.

Во еден дел од видеото се гледа како го вози возилото без рацете на воланот. Пријавата ја поднел граѓанин кој верувал дека ги прекршил сообраќајните прописи.

Порталот Телекс побарал појаснување од полицијата, вклучително и дали станува збор за прекршок и дали е покрената постапка. Будимпештанската полиција потврди дека пријавата е примена, но и дека е одбиена на 15 април 2026 година, со образложение дека пријавеното однесување не претставува прекршок.

ИЗДВОЕНИ