„Никогаш не сум толерирал никаква корупција, ја отфрлан секоја пропаганда поврзана со неа“, изјави Орбан за каналот „Патриот“, откако во неделата неговиот противник Петер Маѓар и неговата партија „Тиса“ успеаја да ја освојат поддршката од над три милиони гласачи, ветувајќи дека ќе го елиминира корупцискиот систем вкоренет за време на владата на „Фидес“ и ќе ги поправи односите со Брисел.
„Би бил најсреќната личност на светот да можев однапред да ги видам резултатите од изборите. И јас мислев дека ќе победиме, бевме мноштво“, рече премиерот во заминување наведувајќи дека не очекувал пораз.
Орбан е изненаден што сите гласачи, кои останале дома на претходните избори, сега гласале против него и смета дека е важно да се провери зошто „Фидес“ не успеа да ги придобие, пренесе „Маѓар Немзет“.
Да не се преправаме дека целата земја ја отфрла претходната влада, рече Орбан, нагласувајќи дека „Фидес“ има 2,3 милиони гласачи.
„Боже, чувај ја Унгарија“, изјави Орбан, додавајќи дека се сомнева дека новите луѓе на власт ќе можат безбедно да ја заштитат земјата од проблемите како војна, енергетска криза, инфлација и миграција.
Тој рече дека ќе ги поддржи сите добри нешто ги прави новата влада, но дека ќе гласа против она што не го смета за добро.
Орбан наведе и дека не е правилно да се повикува претседателот на државата, кого го избра парламентот, да си поднесе оставка, ниту дека е правилно да се повикуваат избраните лидери на други државни институтции да си поднесат оставки.
„На лицата кои вршат уставни фукции не смеет да бидат загрозени, а ако сакаат да ги заменат треба да побараат правна заштита. Тоа се загрижувачки и погрешни работи“, рече Орбан, реагирајќи на повиците на идниот премиер Петер Маѓар претседателот Тамаш Суљок да си поднесе оставка.












