Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби нема да мора да го продолжи примирјето со Иран кое истекува следната недела.
„Добро се справуваме, можам да ви кажам“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа додавајќе дека „не е сигурен дека е потребно продолжување“.
Како што наведе, Иран сака да постигне и е подготвен „да направи работи за кои не беше подготцен пред два месеци“.
На прашањето што ќе се случи ако САД и Иран не постигнат траен договор, Трамп одговори дека САД повторно ќе нападнат.












