петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Трамп доби одобрение за изградба на Триумфална капија во Вашингтон

Трамп доби одобрение за изградба на Триумфална капија во Вашингтон

68
Фото:принтскрин, американски медиуми

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на Триумфалната капија на влезот во Вашингтон беше одобрен во четврток од клучната федерална агенција, Комисијата за ликовни уметности, пренесе „Еј-би-си њуз“.

 

Еден од комесарите предложи измени, вклучително и отстранување на статуа слична на Статуата на слободата и пар орли кои би го надвиснале лакот и би ја зголемиле неговата висина.

Триумфалната капија е еден од неколкуте проекти што републиканскиот претседател ги промовира, заедно со балската сала во Белата куќа, за да остави траен белег во Вашингтон.

Комисијата за ликовни уметности на САД гласаше за одобрување на концептуален дизајн за лакот. Нејзините членови, сите назначени од Трамп, ќе го разгледаат ажурираниот дизајн пред конечното гласање на иден состанок.

Трамп минатата недела изјави на социјалните медиуми дека лакот „ќе биде НАЈГОЛЕМАТА и НАЈУБАВАТА Триумфална капија насекаде во светот“ и „прекрасен додаток на областа Вашингтон, во кој сите Американци ќе уживаат во наредните децении!“

 

Додека балансира помеѓу неколку војни во светот, Трамп има време и за ова: Планира да изгради триумфална капија во Вашингтон како симбол на неговата ера

Комисијата, исто така, одобри концептуални дизајни за два други проекти: планот на Трамп да го префарба сивиот гранитен екстериер на зградата на Извршната канцеларија Ајзенхауер во бело и изградбата на подземен центар за безбедносна проверка за туристи и други посетители. Ревидираните дизајни за двата проекта ќе бидат разгледани на иден состанок.

Лакот ќе биде висок 76 метри од основата до факелот што го држи фигура слична на Статуата на слободата на врвот од структурата. Фигурата би била опкружена со два орла, додека основата би била на врвот од четири лава – сите позлатени.

Натписите „Една нација под Бога“ и „Слобода и правда за сите“ би биле испишани со златни букви од двете страни на споменикот.

Потпретседателот на комисијата, архитектот Џејмс Мекрири Втори, рече дека би претпочита лак без фигури и орли на врвот. Мекрири, исто така, се спротивстави на лавовите во основата.

Лакот би бил изграден на вештачки остров управуван од Службата за национални паркови, на страната од реката Потомак во Вирџинија, на крајот од Спомен-мостот што води од Споменикот на Линколн во Вашингтон.

 

ИЗДВОЕНИ