сабота, август 29, 2026
Дома СКОПСКА Општина Гази Баба доделува субвенции за набавка на пелети

Општина Гази Баба доделува субвенции за набавка на пелети

95

Општина Гази Баба првпат доделува субвенции за набавка на пелети. Жителите на Општина Гази Баба можат да аплицираат, а субвенциите изнесуваат до 30 % од трошоците за набавка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари.

– Првпат ја воведуваме оваа мерка затоа што сакаме да им помогнеме на домаќинствата во намалување на трошоците за греење, но и да придонесеме за почиста животна средина – велат од Општина Гази Баба.

Право на учество за добивање субвенции имаат жителите на Општина Гази Баба што: поседуваат печка или котел на пелети, немаат приклучок на систем за централно греење, ги имаат намирено обврските по основ на данок на имот и ќе ја достават целосната документација согласно со јавниот повик.

Барањата се доставуваат во архивата на Општина Гази Баба, на улицата „Архимедова“, број 2, секој работен ден од 7:30 до 16:30 часот.

 

ИЗДВОЕНИ