Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура и со создавањето услови за поздрав, поактивен и поквалитетен живот на сите граѓани.
Во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ се уредува нова фитнес-зона на отворено, која ќе биде достапна за учениците, младите и за сите љубители на рекреирањето. Во неа ќе има современи фитнес-реквизити и, според општинските власти, тоа ќе значи подобри услови за спорт и рекреација, како и достапен простор за физичка активност на сите генерации.
– Со секоја нова инвестиција создаваме повеќе можности за здрави животни навики, активен начин на живот и за поквалитетна спортска инфраструктура – потенцираат од Општина Ѓорче Петров.












