Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вечерва изјави дека шест лица се убиени, а 90 повредени во руските напади врз украинската престолнина синоќа.
Кличко напиша на социјалната мрежа „Икс“ дека 52 од 90 повредени се во болници.
Во источниот индустриски град Днепар, загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца, изјави регионалниот гувернер Олександр Ханжа на Телеграм, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат, пренесе „Бета“.












