Сè почести се гласиштата за евентуалното враќање на Богдан Богдановиќ во редовите на Партизан. Само една реченица на италијанската кошаркарска легенда, Данило Галинари, предизвика огромна возбуда кај навивачите.
Галинари беше гостин во кошаркарскиот поткаст „6.75range“, каде што зборуваше за крајот на својата кариера, но во еден момент изнесе тврдење кое веднаш стана тема на дискусија во регионот. За време на разговорот, тој го спомена и својот поранешен соиграч од Атланта, капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ. А потоа изговори реченица која веднаш крена прашина.
- Богдан дефинитивно се враќа во Партизан. Боги се враќа, рече Галинари без многу двоумење.
Тој не објасни врз основа на што го тврди ова, ниту откри дали Богдановиќ лично му го доверил таков план. Сепак, начинот на кој го кажа тоа остави впечаток на целосна сигурност.











