четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Oд сабота нов возен ред за дел од линиите

Oд сабота нов возен ред за дел од линиите

98

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги известува корисниците на јавниот превоз дека почнувајќи од сабота, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот.

-Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз- соопштија од ЈСП.

Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, со примена од 04.04.2026 година, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието: https://skopjebus.mk/mk/.

 

ИЗДВОЕНИ