Кошаркарскиот клуб Црвена звезда и Саша Обрадовиќ ја прекинаа соработката непосредно пред завршницата на сезоната и фајнал фор турнирот од српската лига. До разделбата дојде по серијата слаби резултати во финишот од сезоната. Звезда прво ја расипа позицијата во Евролигата и беше елиминирана од Барселона, а кризата продолжи и на домашната сцена. Белградскиот тим тешко мина против Златибор во домашното првенство, а потоа доживеа пораз од вечниот ривал, Партизан, во полуфиналето на АБА-лигата.
По последниот пораз, Обрадовиќ имаше бурна прес-конференција и одби да одговари на новинарските прашања.
Во завршницата од домашното првенство тимот ќе го води Милан Томиќ, додека раководството во меѓувреме ќе бара ново трајно решение за клупата.











