Општина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при ПООУ „Гоце Делчев“, со што е создаден современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.
-Во рамки на реконструкцијата поставена е нова подлога од ПП плочки, наменета за играње кошарка и фудбал, четири нови метални кошаркарски обрачи со мрежи, како и нова пластифицирана и заштитна јутена мрежа од коноп. Дополнително, околу спортското игралиште е заменета заштитната ограда, со што е обезбедена поголема сигурност, подобра заштита на спортскиот простор и дополнително унапредување на неговата функционалност – информираат од локалната самоуправа.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека со целосната реконструкција, некогашниот спортски терен е трансформиран во модерен и уреден спортско-рекреативен простор, кој ќе им овозможи на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, како и на сите граѓани, квалитетни услови за спортување, физичка активност и активно поминување на слободното време.












