Времето утре ќе биде променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, соопштија од УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Од УХМР соопштија дека во сабота ќе се задржи стабилно време, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.













