вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ Објавено видео од дебата на кандидатите за претседател пред 10 години: Хилари...

Објавено видео од дебата на кандидатите за претседател пред 10 години: Хилари Клинтон зборува за Трамп, како да ја претскажува иднината

1
EPA/JIM LO SCALZO

Хилари Клинтон сподели снимка од дебата пред 10 години, кога како кандидат на Демократската партија за претседател на САД, се соочи со противкандидатот, сегашниот претседател, Доналд Трамп. Во таа снимка од 2016 година, тие имале жестока расправија за рускиот лидер Владимир Путин.

„Путин, колку што можам да видам, нема почит кон оваа личност“, рече Трамп, покажувајќи со прст кон Клинтон. „Па, тоа е затоа што тој би сакал да има марионетски претседател на САД“, одговори таа. „Ти си марионета“, се пошегува Трамп, а Клинтон продолжи: „Сосема е јасно. Не сакаш да признаеш дека Русите извршија сајбер напади врз САД, дека охрабруваше шпионажа против нашиот народ, дека си подготвен да ги претставуваш ставовите на Путин, да ги поддржиш неговите желби, да го распаднеш НАТО, да правиш што сака и да продолжиш да добиваш помош од него затоа што има многу јасен фаворит во оваа трка“.

Клинтон го поврза тој момент со моменталната ситуација и изјави: „Само во последните неколку дена, Трамп постигна договор според кој САД ќе купуваат руски дизел, што ќе му обезбеди на Путин важен извор на приход; тој и Илон Маск се обвинуваа меѓусебно за наредбата со која се забави сателитската интернет-врска ’Старлинк’ над Украина; Трамп ги укина санкциите кон Русија за кои инсистираше Конгресот, предводен од неговиот покоен пријател Линдзи Греам. Сега Путин предложи средба на самитот со Трамп и Шји за да се одлучи судбината на Украина, да се поништи еден век меѓународна соработка и да се прикаже Русија како рамноправна со САД и Кина. Ќе видиме дали марионетата на Путин ќе продолжи да танцува како што и ги влече конците“.

Објавата за многу кратко време доби илјадници реакции, а една од нив е дека во таа дебата, Хилари Клинтон како да ја претскажала иднината.

ИЗДВОЕНИ