Новиот шеф на британската разузнавачка служба МИ6 ќе биде жена – фаворит за позицијата е Барбара Вудворд

44
Фото:википедија

Жена би можела да стане првата жена на чело на британската разузнавачка служба МИ6, а фаворит за позицијата е Барбара Вудворд, поранешна амбасадорка во Кина која никогаш не работела во разузнавањето, објавија денес британските медиуми.

Многу години откако актерката Џуди Денч стана шефица на Џејмс Бонд во филмот, тоа сега би можело да се случи и во реалниот живот, пишува Тајмс.

Интересно е што трите главни кандидати за позицијата се жени, од кои две се од редовите на службата МИ6.

Претходниот шеф на службата, Сер Ричард Мур, треба да се повлече оваа есен по пет години на функцијата.

Изборот на новиот шеф предизвика контроверзии, сепак, бидејќи критичарите тврдат дека Вудворд е премногу пријателски настроен кон Кина и нема претходно искуство во разузнавачката работа, а сето тоа во време кога Пекинг започна агресивна шпионска операција во Велика Британија, пишувa „Тајмс“.

Барбара Вудворд, која ја носи титулата Дама, моментално е британски амбасадор во Обединетите нации.

Нејзините поддржувачи велат дека таа е највисоко рангирана жена во Министерството за надворешни работи и дека нејзиното искуство од службата во Пекинг ѝ дава единствена перспектива.

Кога ја напушташе Кина, Вудворд даде интервју за кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“ и рече дека независноста на Тајван не е опција, пренесува Танјуг.

Имињата на другите двајца кандидати за функцијата шеф на МИ6 не можат да бидат објавени бидејќи тие се членови на разузнавачката служба чии идентитети не се објавуваат освен ако не се избрани на оваа позиција, пренесе „Тајмс“.

Службата МИ5, која се занимава со контраразузнавачки операции во Велика Британија, досега имала две жени на чело – Дама Стела Римингтон во 1992 година и Елиза Менингем-Билер од 2002 до 2007 година, потсетува весникот.

ИЗДВОЕНИ