вторник, октомври 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нови правила за рудниците

Нови правила за рудниците

1

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претстави новите закони за рударство и геологија, кои предвидуваат усогласување со европските стандарди, дигитализација, поттикнување на инвестициите и засилена заштита на животната средина. Една од најзначајните новини е обврската за обезбедување 100 проценти финансиски гаранции за санација и за рекултивација на рударските простори по завршувањето на експлоатацијата. Со ова, државата треба да обезбеди средства за обновување на теренот и да спречи дополнителни трошоци за граѓаните.

Законските измени предвидуваат и современи правила за управување со рударскиот отпад, задолжителни планови за затворање на рудниците и мерки за санација на историски деградираните подрачја. Државниот секретар во Министерството, Горан Јовановски, вели дека новата законска рамка треба да обезбеди правна сигурност за компаниите, да ги поттикне инвестициите и да овозможи одговорно управување со минералните суровини.

Со посебниот Закон за геологија се воспоставува систем за геолошки истражувања и управување со податоците. Предвидено е и воведување на македонски рударско-геолошки информативен систем, кој треба да го олесни пристапот до информациите.

Од Министерството оценуваат дека предложените реформи ќе придонесат за поефикасни административни постапки, подобра заштита на природата и за одржлив развој на рударско-геолошкиот сектор.

ИЗДВОЕНИ