сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Нова уцена на Трамп за НАТО: Кој не дава 5% за војската...

Нова уцена на Трамп за НАТО: Кој не дава 5% за војската – нема да го браниме!

1116
EPA/WILL OLIVER

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста на членките на НАТО кои не се во можност да ги зголемат своите воени трошоци за пет проценти да им го одземе правото да го користат Член 5 (клаузулa за колективна одбрана) од Повелбата на Алијансата, објавува весникот „Телеграф“.

Според предлозите што ги разгледува Трамп, на сојузниците на НАТО кои не успеваат да ги исполнат новите цели за воени трошоци би можело да им се одземе и правото да одлучуваат за проширување на заедничките мисии, се вели во текстот.

Американските претставници го промовираа моделот на неколку состаноци, велат извори, но идејата не е официјално дискутирана во седиштето на Алијансата во Брисел, додава весникот.

ИЗДВОЕНИ