Поранешната српска кошаркарка, Милица Дабовиќ, повторно се најде во центарот на вниманието поради серијата провокативни фотографии и видеа што ги сподели на социјалните мрежи. Овој пат, таа реши да им го покаже на обожавателите своето извајано тело, во издание што многумина ги остави без здив. Особено внимание привлече фотографијата направена одзади, на која носи минијатурен костим за капење.

Покрај фотографиите, таа објави и кратки видеа во кои позира и ги истакнува своите облини, дополнително подгревајќи ја атмосферата меѓу нејзините следбеници.











