четврток, октомври 15, 2026
Дома СКОПСКА Нов парк во Миладиновци

Нов парк во Миладиновци

88

Општина Илинден почна со изградба на нов парк во населеното место Миладиновци, кој ќе биде уште едно уредено зелено катче наменето за сите генерации.

Со проектот е предвидено целосно уредување на постојниот простор со нови зелени површини, пешачки патеки и со соодветна урбана опрема. Во рамките на градежните активности, ќе се изведат нови бетонски и павер-површини, а акцентотќе биде ставен на создавањето содржини за најмладите жители, кои ќе добијат детско катче со кула со лизгалка, лулашка и клацкалка, а предвидени се и клупи за одмор и дружење.

– Со изградбата на паркот, досегашниот простор ќе добие целосно нови изглед и намена, создавајќи уредена и безбедна средина што ќе придонесе за поквалитетно секојдневие на жителите на Миладиновци – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Од Општина Илинден наведуваат дека уредувањето на јавните површини и создавањето нови зелени и рекреативни содржини остануваат меѓу нивните приоритети.

– Преку реализацијата на ваквите проекти, Општината продолжува да создава похумана, поуредена и пофункционална средина, во која граѓаните ќе имаат повеќе можности за одмор, рекреација и дружење во своето населено место – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ