петок, септември 4, 2026
Дома КУЛТУРА НОВ ХОЛИВУДСКИ АКЦИОНЕН ХИТ: Николас Кејџ во улога на шпионот Душко Попов/ВИДЕО

НОВ ХОЛИВУДСКИ АКЦИОНЕН ХИТ: Николас Кејџ во улога на шпионот Душко Попов/ВИДЕО

1

Американскиот актер Николас Кејџ во претстојниот акционен филм „Fortitude“, го игра шпионот Душко Попов, по кој британскиот автор Иан Флеминг го базираше ликот на познатиот агент Џејмс Бонд.

Во штотуку објавениот брз и експлозивен трејлер за филмот, во режија на Сајмон Вест, Кејџ може да се види како накратко се претставува како Душко Попов, па дури и нарачува „вотка мартини, протресено, а не промешано“, во стилот на херојот на Флеминг.

Продуцентите го најавија „Fortitude“ како филм „заснован на неверојатна вистинска приказна“, кој ги следи бестрашните и непредвидливи војници и шпиони, играни од Ед Скреин и Метју Гуд, на мисија на измама пред сојузничките истоварувања во Нормандија во 1944 година, за време на Втората светска војна.

Како што е наведено во описот на трејлерот, тие се поддржани од британскиот премиер Винстон Черчил, игран од Мајкл Шин, Флеминг, игран од Арт Малик, и извонредна мрежа на двојни агенти, вклучувајќи го и Попов на Кејџ, „вистинскиот шпион кој ги инспирираше романите за Џејмс Бонд“, кои подоцна создадоа филмска серија долга неколку децении.

„Fortitude“ е напишано од Сајмон Афрам, кој исто така беше продуцент со Џорџет Тарнер, Рез Рухи и Едвард Кал.

Британецот Вест, ги режираше акционите филмови Con Air (1997), Лара Крофт (2001), The Mechanic (2011), The Expendables 2 (2012) и други.

ИЗДВОЕНИ