
Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија- МААЕ, нобеловецот Мохамед ел Барадеи, остро го критикуваше американскиот претседателм Доналд Трамп, повикувајќи ги земјите од Персискиот Залив да го спречат.
– Ве молам, направете сè пред овој лудак да го претвори регионот во огнена топка – рече Ел Барадеи, осврнувајќи се на најновите закани од Вашингтон.
Во посебна објава, тој ги нападна и ОН, Европската Унија и францускиот претседател, Емануел Макрон, прашувајќи дали некој може да го запре „ова лудило“, а истовремено ги критикуваше и кинеската и руската дипломатија.
Ел Барадеи беше на чело на МААЕ од 1997 до 2009 година, и ја водеше низ почетокот на меѓународните спорови околу нуклеарната програма на Иран. Во 2005 година, тој ја доби Нобеловата награда за мир за промовирањето мирновременска употреба на нуклеарната енергија.











