Најдобриот шутер на сите времиња, Стеф Кари, се врати на теренот по долга пауза и одигра одличен натпревар за Голден стејт. Еден од најдобрите играчи на денешницата постигна 29 поени во поразот на „воините“ од Хјустон со 117:116. Тој, исто така, имаше шанса да го добие натпреварот, но неговиот обид за три поени заврши безуспешно.

  • Најважно е што се врати. Играше против одличен дефанзивец како Томпсон и покажа дека е целосно подготвен. Ова е голема работа за нашиот тим – рече тренерот Стив Кер.

ИЗДВОЕНИ